• понеделник, 23 декември 2024

ЦУК: Почна со работа Комисијата за случајот во кратовско Емирица

ЦУК: Почна со работа Комисијата за случајот во кратовско Емирица
Скопје, 6 април 2021 (МИА) - Комисија за утврдување на правилност во примената на стандардните оперативни процедури за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24) почна со работа, информираат од Центарот за управување со кризи. Тоа, се вели во соопштението од ЦУК,  е дел од преземените активности заради целосно расветлување на случајот на координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од село Емирица. Комисијата, како што најави на вчерашната прес-конфернција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризи, за истите да бидат надминати во иднина. аа/сп/

Остани поврзан