• недела, 22 декември 2024

ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија

ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи вечерва соопшти дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготино и Демир Капија. 

Претходно УХМР соопшти дека во крајните јужни претежно планински подрачја и во подрачјето околу Демир Капија имаше локална појава на интензивен пороен дожд и грмежи.

До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер и изолирана појава на град. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан