• недела, 22 декември 2024

ЦУК: На Кораб од инфаркт починал 60-годишен планинар

ЦУК: На Кораб од инфаркт починал 60-годишен планинар
Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт и починал. Несреќата се случила додека групата се движела по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над полициската станица Стезимир. Случајот го пријавил планинар кој дошол до полициската станица зашто во таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање. -Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот кој добил инфаркт веќе бил починат, наведува ЦУК. Од страна на полициската станица - Караула Стрезимир било пратено едно возило со двајца полицајци до местото каде што патот бил прооден за возило. Потоа, полицајците и групата палнинари продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, кои го извлекувале човекот кој добил инфаркт, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнт со возилото на Брзата помош. Во меѓувреме била информирана Брзата помош од Гостивар што пратила едно возило, за да се добие во време и да се искористи проодноста на патот до каде може нивното возило да се движи. Но, за жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од Брза помош, со која се пресретнале на патот каде можело нивното возило да се движи, е констатирано дека планинарот кој добил инфаркт веќе бил починат. мч/цр

Остани поврзан