• петок, 22 ноември 2024

Црна Гора протера руски дипломат

Црна Гора протера руски дипломат
Подгорица, 4 март 2022 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска прогласи неименуван дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за „персона нон грата“. Во соопштението на црногорското Министерство за надворешни работи се наведува дека дипломатот во рок од 72 часа треба да ја напушти Црна Гора. - Причина за ваквата одлука е оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на МНР на Црна Гора. ми/

Остани поврзан