• петок, 20 декември 2024

Црвен метео аларм во делови од Шпанија, обилни дождови и ниски температури повторно се закануваат

Црвен метео аларм во делови од Шпанија, обилни дождови и ниски температури повторно се закануваат

Мадрид, 13 ноември 2024 (МИА) - Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби денеска ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат катастрофи во форма на поројни врнежи и ниски температури, поради што е издадено црвено предупредување за областа.

Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет, која вчера издаде портокалово предупредување, денеска издаде црвено предупредување за Малага и јужниот дел на Тарагона, пишуваат шпанските медиуми.

Агенцијата предупредува на дождови и невреме кои би можеле да бидат многу силни.

Предупредувањата важат и за остатокот од регионот на Валенсија, Балеарските Острови, Мурсија и брегот на Каталонија, како и за источна Андалузија.

Дополнително, издадено е предупредување поради снег во северниот дел на Екстремадура и регионот Кастиља и Леон, каде што некои патишта се веќе затворени, а за други употребата на синџири е задолжителна, како и поради крајбрежните појави во Галиција и по целото медитеранско крајбрежје.

Поради најава за ново невреме, се преземаат мерки на претпазливост во многу области на Валенсија, а многу градови одлучија да преземат превентивни мерки и да ја прекинат наставата во неколку провинции во регионот на Валенсија, Алдаја, Малага, Гранада и други области. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан