• вторник, 24 декември 2024

Црвен крст Кавадарци се вклучи во кампањата за борба против дискриминација по основ на возраст

Црвен крст Кавадарци се вклучи во кампањата за борба против дискриминација по основ на возраст
Кавадарци, 6 октомври 2021 (МИА) - Општинската организација Кавадарци на Црвен крст на Република Северна Македонија, се вклучи во кампањата за борба против дискриминација по основ на возраст, информираа денеска од кавадаречкиот Црвен крст. -Кампањата, која се спроведува под мотото „Свет за сите возрасти“, започна на почетокот од месецов и  ќе трае до 20 ноември. Дискриминацијата влијае на сите возрасти, дури и кај најмладите, на нивна возраст, кога стануваат свесни за стереотипите кои постојат.  Волонтерите од Клубот на млади кај нас, претставија плакат кој самите го изготвија, на тема информирање, за правата од социјална и здравствена заштита, а користеа и флаери кои беа дистрибуирани на јавни места во градот, појаснија од Црвен крст Кавадарци. Оттаму додадоа дека беа презентирани и флаери со содржина за превенција и заштита од Ковид-19. свд/аа/

Остани поврзан