• вторник, 24 декември 2024

Црвен крст: Десетици илјади животи зависат од конвојот што се движи кон Мариупол

Црвен крст: Десетици илјади животи зависат од конвојот што се движи кон Мариупол
Мариупол, 31 март 2022 (МИА) – Десетици илјади цивили би можеле да бидат спасени од Мариупол доколку бидат успешно евакуирани со конвој автобуси кои се движат кон опколениот град. Руското Министерство за одбрана вети дека ќе ги запре нападите за да им се дозволи на цивилите да го напуштат градот, а норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе рече дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил дека пристапот до градот ќе биде дозволен за хуманитарниот конвој. Во последните недели илјадници цивили успеаја да побегнат од разурнатиот град, но Украина соопшти дека голем број луѓе кои се обидувале да побегнат биле нападнати од руската војска. - Очајнички е важно да се спроведе оваа операција. Животите на десетици илјади луѓе во Мариупол зависат од неа, рече Јуан Вотсон од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој ја предводи мисијата за евакуација. На пат кон Мариупол има 45 автобуси, изјави вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук. Конвојот треба да ја достави и многу потребната хуманитарна помош во храна, вода и лекови. Се проценува дека околу 170.000 цивили останале во нечовечките услови во Мариупол. Поради руските напади со недели нема струја, вода, греење, а и храната и водата се при крај. јт/

Остани поврзан