• понеделник, 26 август 2024

Црвениот крст на Крива Паланка ја одбележа „Неделата на младите“

Црвениот крст на Крива Паланка ја одбележа „Неделата на младите“
Крива Паланка, 2 октомври 2022 (МИА) - Со отворен ден и компилација од седум различни активности на една локација - градскиот плоштад во Крива Паланка, Општинската организација на Црвениот крст од Крива Паланка денеска ја одбележа „Неделата на младите“. - Секоја година традиционално ја одбележуваме „Неделата на млади", во периодот од 1 до 7 октомври. Оваа година Клубот на млади при ОО Црвен крст - Крива Паланка преку нашите волонтери се вклучи во активноста под мотото „Биди причина за нечија насмевка”. На денешниот настан што траеше во текот на денот во центарот на градот, поставена беше т.н. „црвена зона“ со седум катчиња: ментално здравје, креативна инклузија, прва помош, промоција на хумани вредности, забавни игри, освежување и жива библиотека и сите привлекоа внимание на голем број минувачи и туристи, промовирајќи ги нашите активности и цели како организација, изјави секретарот на ОО на Црвениот крст - Крива Паланка, Дарко Пешовски. Тој посочи дека целта на настанот е да се промовира младинската активност и богатата ризница млади волонтери кои низ школата за волонтирање на црвениот крст учат вештини и позитивни вредности кои во понатамошниот развој и текот на животот им помагаат многу. ид/сп/

Остани поврзан