• петок, 22 ноември 2024

Црвениот Крст Куманово подели хуманитарни пакети за семејства чии што куќи беа зафатени од излевање на реки во Кумановско

Црвениот Крст Куманово подели хуманитарни пакети за семејства чии што куќи беа зафатени од излевање на реки во Кумановско
Куманово, 14 јануари 2021 (МИА) - Црвениот крст Куманово подели дваесетина пакети со прехранбени и хигиенски продукти за жителите на неколку села чии што индивидуални куќи беа зафатени од излевањето на реките во кумановско, соопштија денеска од организацијата. -Волонтерите од тимот за одговор при катастрофи од општинската организација на Црвен крст Куманово при посетата и процена на штетите од прелевање на Крива Река во реонот на селата Клечовце, Јачинце и Довезенце поделија хуманитарна помош за десет семејства чии семејни куќи беа зафатени од надојдените води и е предизвикана материјална штета. Црвен крст Куманово ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и доколку се јави потреба ќе достави дополнителна хуманитарна помош-изјави Бојан Петрушевски, секретар на општинската организација. Помош е дистрибуирана и за жителите на Макреш, село во општина Старо Нагоричане како и за жители на селата Војник и Пелинце. Изминатата недела поради излевање на Крива Река и Пчиња беа зафатени неколку индивидуални куќи во неколку села како и викенд куќи, а беше поплавено и земјоделско земјиште. ам/свс/

Остани поврзан