• понеделник, 23 декември 2024

Црвена ѕвезда сака да го врати Калиниќ

Црвена ѕвезда сака да го врати Калиниќ

Белград, 22 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на српскиот кошаркарски гигант Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ ги истакна своите приоритети за летниот преоден рок.

- Треба да го засилиме составот. Мора да составиме список. Можам да кажам дека сме многу заинтересирани за Никола Калиниќ. Работиме на неговото враќање. Не го продадовме Калиниќ, тој си замина така. Имаше договор по шемата „1+1“, а ние му доцневме 4 од 5 плати. Човекот чекаше, му ветивме, но не го одржавме ветувањето. И тој се пресели во Барселона. Работиме на неговиот трансфер, се разбира, нема да го киднапираме, го препознаваме фактот дека е играч на Барселона, изјави Човиќ.

Договорот на Калиниќ истекува по завршувањето на тековната 2023/24 сезона.

По 26 кола во Евролигата, Црвена ѕвезда е во долниот дел на табелата, на 16.место со 10 победи и 16 порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан