• среда, 10 јули 2024

Црвена ѕвезда против Лозница во финалето на турнир од Регионалната лига кој се одржува во Скопје

Црвена ѕвезда против Лозница во финалето на турнир од Регионалната лига кој се одржува во Скопје
Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) – Во борбата за шампионскиот трофеј на завршниот Ф4 турнир од Регионалната боксерска лига ќе се соочат Црвена ѕвезда и Лозница. Завршниот турнир се одржува во Скопје. - Националната боксерска федерација на Македонија заедно со Српскиот боксерски сојуз овие два дена го направија главниот наш град центар на регионалниот бокс. Екипите на Црвена ѕвезда и Лозница од Србија, вечерва од 20 часот ќе ги вкрстат ракавиците за првиот трофеј во регионалното натпреварување. Меч како што може да се посака меѓу Лозница и Витезови во полуфиналето на Регионалната бокс лига кој го реши последната борба и тоа со поделена одлука. Победи Лозница 12-10 откако Санел Хасановиќ славеше со 3-2 против Јосип Ќориќ во супертешкашката борба со што и ја однесе Лозница во финалето, бидејќи до тој меч резултатот беше 10-10. Црвена ѕвезда славеше рутинирано против Железничар во второто полуфинале на Регионалната бокс лига 18-4 и обезбеди финале против Лозница, соопштија од БФМ. Финалето е закажано за вечер во 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје. зс/

Тагови

Остани поврзан