• вторник, 16 јули 2024

Црвената полумесечина соопшти дека примила околу 4.000 камиони помош за Газа за речиси два месеци

Црвената полумесечина соопшти дека примила околу 4.000 камиони помош за Газа за речиси два месеци

Рамала, 18 декември 2023 (МИА) - Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) соопшти дека примила 4.301 камион со хуманитарна помош од своте египетски колеги преку преминот Рафа од 21 октомври до 16 декември.

Камионите содржат храна, вода, хуманитарна помош, медицински материјали и лекови, пренесува Ал Џазира.

Вкупниот број на камиони на здружението досега изнесува 2.746 камиони, кои ги дистрибуираше во засолништа, центри за раселување, семејства домаќини, станбени заедници и релевантни страни.

Црвената полумесечина испрати 310 камиони во областите северно од Газа за време на периодот на хуманитарното примирје.

Вкупно 1.555 камиони беа испорачани на УНРВА и други релевантни институции, соопшти PRCS. ссм/

фото: архива

Остани поврзан