• четврток, 18 јули 2024

Циципас по откажувањето од АТП купот: Ова е претпазливост за да играм сигурно на Австралија опен

Циципас по откажувањето од АТП купот: Ова е претпазливост за да играм сигурно на Австралија опен
Мелбурн, 1 јануари 2022 (МИА) - Светскиот рекет број 4, Стефанос Циципас кажа зашто го пропушти натпреварот во сингл на првиот ден од АТП купот. Тој неиграњето го образложи со повреда на лактот, кој му беше опериран во ноември. -Закрепнувањето од ноемвриската операција е во тек и морам да бидам подготвен за Мелбурн. Денешното одбивање е превентивно за да можам дефинитивно да играм на Австралија опен. Ќе носам одлука пред секој натпревар, изјави  Циципас. Грен слемот во Мелбурн ќе се одржи од 17 до 30 јануари. зс/

Остани поврзан