• сабота, 23 ноември 2024

Циципас: Пет минути пред финалето, мојата сакана баба ја загуби битката за живот

Циципас: Пет минути пред финалето, мојата сакана баба ја загуби битката за живот
Париз, 14 јуни 2021 (МИА) – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој вчеравечер загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, изјави дека ја загубил баба си пред самиот почеток на мечот. - Најважната работа во животот не е победа или пораз. Поентата е да уживате во секоја секунда - без разлика дали сте сами или со други. Живејте смислен живот без страдање и понижување. Подигањето трофеи и славењето победи е нешто, но има и повеќе од тоа. Пет минути пред да влезам на теренот, мојата сакана баба ја загуби битката за живот. Мудра жена чија вера во животот и подготвеност за споделување е неспоредлива со која било друга личност што сум ја сретнал. Важно е да има повеќе луѓе како неа во светот. Таквите луѓе ве прават да оживеете, ве тераат да сонувате. И сакам да кажам дека без оглед на исходот, околностите и ситуацијата, ова е целосно посветено на неа - и само на неа. И благодарам што го израсна татко ми. Сето ова ќе беше невозможно без неа, истакна Циципас. Дваесет и двегодишниот Грк во финалето водеше со 2:0, но на крајот го загуби мечот со 3:2 и остана без трофејот од Грен лемот во Париз. зс/

Остани поврзан