• понеделник, 23 декември 2024

Циципас за испаѓањето од УС Опен: Јас не сум ништо во споредба со играчот што бев порано

Циципас за испаѓањето од УС Опен: Јас не сум ништо во споредба со играчот што бев порано

Њујорк, 28 август 2024 (МИА) - Светскиот рекет број 11, грчкиот тенисер Стефанос Циципас не е задоволен од формата во која се наоѓа во последно време.

Гркот доживеа елиминација уште во првото коло на Грен слемот во Њујорк.

Во првото коло Циципас загуби од Австралиецот Танаси Кокинакис со резултат 6:7 (5:7), 6:4, 3:6, 5:7.

- Не сум ништо во споредба со играчот што бев порано. Кога бев помлад, играв на теренот со адреналин, чувствувајќи дека мојот живот зависи од натпреварот. Сега сето тоа го нема. Имам чувство дека има некој вид на исцрпеност, продолжен замор. Ова го чувствувам од почетокот на годината. Без разлика дали ќе се откажам или не, тоа веќе се случи и не може да се врати, изјави Циципас за „RTBF“.

На почетокот на август, 26-годишниот Грк престана да работи со својот татко Апостолос Циципас, кој му беше тренер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан