• понеделник, 06 мај 2024

Циципас го совлада Качанов за место во четврт-финале

Циципас го совлада Качанов за место во четврт-финале

Торонто, 12 август 2021 (МИА) - Стефанос Циципас го резервираше своето место во четврт-финалето на АТП турнирот од Мастерс серијата во Торонто, откако со 2-0 го совлада Карен Качанов.

Грчката суперѕвезда го совлада сребрениот медалист на Олимпијадата во Токио, Карен Качанов, со 6-3, 6-2 и по втор пат стигна до последните осмина во Торонто. Во четврт-финалето, Циципас за ривал ќе го има норвешкиот тенисер Каспер Руд, кој го победи Душан Лајовиќ, исто така, со 2-0. ар/лв/  

Остани поврзан