• петок, 22 ноември 2024

Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло

Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло

Монте Карло, 14 април 2024 (МИА) – Дванаесеттиот светски рекет, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го освои турнирот во Монте Карло.

Гркот попладнево во финалниот меч го совлада Норвежанецот Каспер Руд, 10-ти на светската ранг-листа, за 1 час и 38 минути со 6:1 и 6:4.

Циципас по трет пат во кариерата го освои Мастерсот во Монте Карло. Вкупно, тој сега има 11 АТП титули во сингл.

Наградниот фонд на Мастерсот во Монте Карло изнесуваше 5,95 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан