Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија - Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин
- Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија - Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија - Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Скопје, 25 септември 2025 (МИА) -Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија - Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија - Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

-Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија - Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола, вели Ангелов.
Тој додава дека истекувањето на нафтата продолжува понатаму, но оти опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум.
Ангелов најави дополнителни информации за следните чекори за справување со ситуицјата. вг/са/
Фото: ДЗС