• сабота, 23 ноември 2024

ЦИК на БИХ: На изборите во октомври право на глас имаат над 3,3 милиони граѓани

ЦИК на БИХ: На изборите во октомври право на глас имаат над 3,3 милиони граѓани
Сараево, 25 август 2022 (МИА) - Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина денеска соопшти дека право на глас на општите избори што ќе се одржат на 2 октомври имаат вкупно 3.368.666 граѓани. Според ЦИК 69.966 од регистрираните граѓани ќе гласаат надвор од БиХ. Централниот избирачки список беше заклучен по ажурирањето на податоците, истекот на периодот за жалба за гласачите надвор од БиХ и усогласувањето на податоците со релевантните бази на податоци во БиХ и го содржи бројот на гласачи за секоја изборна единица. Тој список ќе се користи на избирачките места на денот на изборите. ми/

Остани поврзан