ЦИД ќе користи дел од просторот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ наредните десет години
- Просторот порано го користеа кафе барови, слаткарници. ЦИД планира да го доуреди и да го користат младите од регионот. Како што нагласуваат од Здружението, просторот ќе се издава бесплатно на организациите, младите, а ќе го користат и вработените од Центарот. Деловниот простор од 153 метри ЦИД ќе го користи наредните десет години.
Куманово, 18 јануари 2024 (МИА) - Центарот за интеркултурен дијалог ќе го користи дел од просторот на кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, информираа денеска од здружението.
Просторот порано го користеа кафе барови, слаткарници. ЦИД планира да го доуреди и да го користат младите од регионот. Како што нагласуваат од Здружението, просторот ќе се издава бесплатно на организациите, младите, а ќе го користат и вработените од Центарот. Деловниот простор од 153 метри ЦИД ќе го користи наредните десет години.
-Како организација приоритет ни е да се дружат младите од североистокот, но пред сè младите од Куманово и Липково. Освен младинските центри во Куманово и Липково потребен ни беше уште еден центар кој ќе биде во центарот на градот. Центарот за култура и оној простор кој го користеа кафе бар е во строг центар. Поведовме иницијатива и добивме поддршка од тогашниот премиер, од Министерството за култура, Агенција за млади и спорт, градоначалникот на Куманово, сите важни чинители во државата, изјави Нами Исаки, извршен директор на ЦИД.
Младинскиот центар ќе биде место за сите млади, со обезбедени услови за развој на активности, ќе се користи и просторот за одредени дејности на младите и на организациите, на уметниците, сите заинтересирани.
- Просторот е обезбеден со одлука на Владата на користење за десет години, реално тој простор во моментов не е во добра состојба. Во идниот период ќе го реконструираме, адаптираме со средства обезбедени од донации. Ќе се користи и современа технологија, рече Исаки.
Целта е просторот да остане на младите, ќе се обезбеди современа технологија. Покрај младински организации и млади, просторот ќе го користат вработените на Центарот и уметници. Одлуката на Владата е донесена во октомври лани.ам/фф/
Фото: МИА