• вторник, 24 декември 2024

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права
Скопје, 9 декември 2020 (МИА) - На Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, 9 декември, Центарот за слобода-ЦИВИЛ повикува на принципиелност, одговорност и транспарентност во сите институции, потсетувајќи дека Законот важи за сите подеднакво и дека никој не смее да полага право на привилегираност само затоа што е на некоја функција. Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, 9 декември, ја означува континуираната борба против најголемиот непријател на владеењето на правото, но и на демократијата и човековите права - корупцијата. - Од денешна перспектива, според оценките на релевантни домашни и меѓународни извештаи и анализи, Северна Македонија бележи голем напредок, од заробена држава во која царуваше партиската коруптивна клика на авторитарниот режим, до отворена влада и зајакнати институции во кои се забележува политичка волја, политики и практики од кои се гледа подготвеноста на системот да се соочи со корупцијата и криминалот, информираат од ЦИВИЛ. Од ЦИВИЛ порачуваат дека остануваат будни и активни, како во мониторингот, така и во преземањето конкретни чекори и иницијативи во насока на јакнење на јавната свест и барање за целосна посветеност во борбата против корупцијата. ар/бк/

Остани поврзан