Цехте уште една сезона во дресот на македонскиот шампион
- Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер на уште една сезона
Битола, 8.јули 2025 (МИА) - Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер на уште една сезона. Тоа значи дека Цехте ќе ја игра и третата сезона во редовите на битолскиот тим, откако дојде од Скандинавија.
Тој е и стандарден репрезентативец на Словенија, со колку 100 настапи за својата репрезентација. Во својата кариера настапуваше за: Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска).
Како дел од Еурофарм Пелистер освои две шампионски титули во Македонија. мн/
Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер