• петок, 22 ноември 2024

„ЦЕС 2024“ отворен во Лас Вегас

„ЦЕС 2024“ отворен во Лас Вегас

Лас Вегас, 10 јануари 2024 (МИА) - Во Лас Вегас, САД, вчера е отворен годинашниот Саем за потрошувачки технологии - „ЦЕС 2024“, на којшто ќе бидат претставени роботи со вештачка интелигенција, уреди за холограми, егзоскелети како помагала за спортисти и други современи технолошки направи.

Во средиштето на вниманието на овогодишниот настан е вештачката генеративна интелигенција - ВГИ. Општо земено, забележливо е зголеменото учество на ВИ во сите области, но има интерес и за повеќе и за  другите уреди на најсовремената потрошувачка технологија.

- ВИ учи од минатото, продолжува да собира податоци и учи од нив за да ги подобри работите. Тие (програми) ќе научат за нас како поединци и ќе станат наши лични помошници, оти ќе знаат што сакаме, и што ни се допаѓа, рече на отворањето директорот на Саемот, Гари Шапиро.

ЦЕС е собир за технологија и иновации каде што се среќаваат луѓе и идеи од целиот свет. Оваа година над 4.000 компании ќе ги изложат своите производи и новитети на површина од 2,5 милиони квадратни метри изложбен простор. Саемот трае до петок, 12 јануари.  си/ссм/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан