• вторник, 19 ноември 2024

Церемонијата на тргнувањето на Олимписки факел ќе се одржи без гледачи

Церемонијата на тргнувањето на Олимписки факел ќе се одржи без гледачи
Токио, 9 март 2021 (МИА) - Церемонијата за почеток на патувањето на олимписки факел во Јапонија најверојатно ќе се одржи без гледачи, пренесува „NHK“. Организаторите се склони кон ова мислење со цел да се спротивстават на епидемијата на коронавирус. Настанот ќе се одржи на 25 март во поранешниот центар за фудбалски тренинзи во префектурата Фукушима. Штафетата на својот пат од 121 дена, почнувајќи од 25 март, ќе треба да помине низ сите 47 префектури во Јапонија и ќе заврши во Токио. Олимпијадата ќе биде отворена на 23 јули. За потсетување, Олимписките игри во Токио беа одложени од 2020 до 2021 година, поради пандемијата. зс/  

Остани поврзан