• сабота, 23 ноември 2024

„Централ Инвест“ изгради нова сончева електрана

„Централ Инвест“ изгради нова сончева електрана
Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од осум мегавати, во близина на Кочани. -Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата. Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Ова е начин приватниот енергетски сектор да помогне во кризата, вели менаџерот на проектот ФЕЦ Тркање, Крсте Илијески. Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, кои се значително пониски во однос на берзанските цени, со што ќе се направат директни заштеди во компаниите. ФЕЦ Тркање ќе има годишно производство од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители. Електраната е во сопственост на фирмата „Централ Инвест“, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест. „Централ Инвест“ и „Феро Инвест“ на Кочо Анѓушев произведуваат струја преку електрани од обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, со што уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонските фирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја. мч/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан