• среда, 18 декември 2024

Централниот депозитар за хартии од вредност ѝ додели плакета на Народната банка за успешна соработка

Централниот депозитар за хартии од вредност ѝ додели плакета на Народната банка за успешна соработка
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Во рамки на активностите за одбележување 20 години од основањето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, денеска беше остварена средба помеѓу извршната директорка на депозитарот, Даринка Дамјановиќ и гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска. Во оваа прилика, на Народната банка ѝ е доделена плакета во знак на благодарност за 20-годишната успешна соработка на двете институции. - Народната банка има клучна улога во извршувањето на една од најважните функции на Депозитарот ‒ паричното порамнување при тргувањето со хартиите од вредност, како и организација на примарниот и секундарниот пазар на државни хартии од вредност, придонесувајќи кон стабилноста на овој сегмент на пазарот на капитал. Исто така, двете институции имаат плодна соработка во изготвувањето и остварувањето проекти за одржување и развој на стабилни и модерни платни системи, во делот на порамнувањето на трансакциите со хартии од вредност коишто се склучуваат на Македонската берза за хартии од вредност и на Пазарот преку шалтер организиран од Народната банка на Република Северна Македонија, информираат од Депозитарот. Оттаму посочуваат дека соработката помеѓу Депозитарот и Народната банка е силна и во областа на статистиката, преку обезбедување навремени и квалитетни податоци за домашно тргуваните хартии од вредност. Информациите од Централниот депозитар се користат за подготовка на статистички податоци, согласно со пропишаните национални и меѓународни стандарди, коишто претставуваат основа за донесување одлуки засновани на докази (факти), во доменот на монетарната и економската политика. фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан