• вторник, 24 декември 2024

Центар со дневен престој за лица со попреченост отворен во Чашка

Центар со дневен престој за лица со попреченост отворен во Чашка

Велес, 25 декември 2023 (МИА) - Општина Чашка со финансиска подршка од Министерството за труд и социјална политика oд 4,2 милиони денари од буџетот денеска во населбата Чашка го отвори Центарот со дневен престој за лица со попреченост „Среќа“ во кој ќе бидат сместени 12 лица. За  нив ќе се грижи тим од шест лица од кои четворица се стручен персонал, дефектолог, социјален работник, медицинска сестра и негувателка, а двајца се технички персонал.

На отворањето на центарот денеска го посети министерката за труд и социјала Јована Тренчевска  која се сретна и се дружеше со овие лица и нивните семејства и ги слушна нивните  потреби и барања, а со нив заигра и игра „Не лути се човече“.

Тренчовска во изјавата за медиумите најави дека во согласнот со потребите на жителите од Општина Чашка истиот понатаму има можнст да биде проширен.

Градоначалникот Горан Стојановски информира дека во населените места во Општина Чашка регистрирани се над 40 лица со посебни потреби кои се од различна возраст. Овие лица воедно секој работен ден ќе добиваат и топли оброци кои ќе им бидат носени од градинката во Чашка.

Тренчевска искажа благодарност до Општина Чашка и градоначалникот Стојановски за иницијативата во Чашка да се отвори една ваква социјална услуга којашто произлегува од потребите на локалното население, и до Центарот за социјална работа од Велес кои сето тоа го координираа со општината

-Лицата со попреченост  остануваат и понатаму  наш приоритет како МТСП со нови услуги кои во наредниот период ќе им ги овозможиме не само на лицата во Општина Чашка, а нашиот приоритет е во секое населено место е да имеме дневен Центар, нагласи министерката Тренчовска.

Стојановски и се заблагодари за отворањето на овој Центар во Чашка на министерката Тренчевска за подршката и и врачи благодарница. Воедно информира дека во општината има над 40 лица со посебни потреби од сите возрасти, а заложбата на нив како опптина ќе биде и тие да бидат опфатени во овој или други вакви центри во Општина Чашка. Тој, исто така, најави можност освен во Чашка догодина детска градинка да биде отворена и во селото Мелница. ад/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан