• понеделник, 23 декември 2024

Центарот за развој на Југоистокот преку проект ќе го намалува јазот меѓу понудата и побаравучката на пазарот на трудот

Центарот за развој на Југоистокот преку проект ќе го намалува јазот меѓу понудата и побаравучката на пазарот на трудот
Струмица, 4 август 2022 (МИА) - Со поддршка на работната сила од регионот во однос на развивање на вештини според потребите на пазарот на трудот и поттикнување на деловните субјекти да го зголемат својот капацитет преку создавање на кохерентен, интегриран и иновативен деловен екосистем, кој овозможува вмрежување и зајакнување на идеите, ќе се намалува јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот во прекуграничниот регион на Северна Македонија и Грција. Ова беше соопштено на денешното претставување на проектот „Бизнис екосистем како интегриран систем“, кој во наредните 18 месеци ќе го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Регионот Централна Македонија, Грција, Истражувачки институт на Универзитет Македонија, Грција и Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип. Според Данче Поп-Иванова Илиева, ќе се спроведат различни истражувања во прекуграничната област кои треба да дадат конкретни сознанија за силните и слабите странина давателите и барателите на работа и ќе се истражи дали постои јаз меѓу посакуваната квалификација и моменталната работна сила. -Поддршката за студентите, невработените лица, како и почетниците во бизнисот ќе се реализира преку огранизација на Камп за претприемништво и иновации. Главната цел на овој камп е да се зголеми претприемачкиот дух на младите, сегашните и потенцијалните претприемачи како и да се подобрат нивните претприемачки вештини и компетенции. Како дел од кампот учесниците ќе можат да ги слушнат успешните приказни на претприемачи и ќе опфати и практична работа во групи за подготовка на Бизнис планови под менторство на обучувачи, консултанти и експерти, информираше Поп-Иванова Илиева. Додаде дека во рамки на проектот ќе се набават 3D скенери и принтери за скенирање за развој изработка на 3D прототипови или готови производи. Опремата ќе биде достапна за користење во Заедничкиот работен простор кој се наоѓа во канцелариите на Центарот за развој на ЈИПР. Вкупната вредност на проектот изнесува 910 илјади евра, а средствата се обезбедени од од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Северна Македонија. рт/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан