• вторник, 05 ноември 2024

Центарот за дијабетес Куманово третира околу 3.600 пациенти со инсулин, лекарите загрижени за состојбата предијабетес

Центарот за дијабетес Куманово третира околу 3.600 пациенти со инсулин, лекарите загрижени за состојбата предијабетес

Куманово, 14 ноември 2023 (МИА) - Во Центарот за дијабетес во Куманово дневно има од 50 до 100 пациенти. На ниво на Куманово има 3.600 пациенти кои примаат инсулин. Лекарите објаснуваат дека на еден дијагностициран има уште еден пациент. Дел од нив се на орална терапија кај матичните лекари. Компликации од дијабетес, како што појаснуваат, се развиваат постепено, но важна е контролата. За да се намалат компликаците, кои доколку не се третираат на време, можат да бидат сериозни, понекогаш и фатални. 

Во Куманово во тек е скринингот на ученици и пензионери за испитување на дијабетес, информираа денеска од Центарот за дијабетес од Општата болница. Скрининг и предавање има за болните од дијабет тип 2, но и меѓу средношколците од медицинските паралелки.

- По повод 14 Ноември, Ден на борба против дијабетес, одлучивме да направиме мерење на шеќер во крвта кај средношколците, зашто се поголема е бројката на млади кои страдаат од оваа болест. Ги одбравме учениците од Средно медицинско училиште, бидејќи тие можат да влијаат врз нивните врсници да ги менуваат навиките, да се поактивни физички и да сменат начин на исхрана, изјави доктор Марија Бајдевска Спирковска од Центар за дијабет Куманово.

Прекумерната телесна тежина е ризик фактор за појава на дијабетес кај младите.

- Повеќе загрижува предијабетес како состојба на која мора дасе обрне внимание. Тоа е границата меѓу нормална граница и дијабетес. Пациентите имаат зголемено ниво на шеќер, меѓутоа не се на високи граници. Имаме таква дијагноза со шифра и има терапија. Овие пациенти треба на време да се прегледуваат, зашто компликациите се сериозни, додава докторката.

И тука е потребно да се смени начин на исхрана и да се зголеми физичката активност. Лекарите препорачуваат дури и обична прошетка за да се одложи типот 2 дијабетес. Првичните симптоми се сувост на устата, зголемена потреба од вода при обилен оброк.

- Ние сме поднебје каде се консумира доста нагло, доста месени, сукани производи, компир, ориз. Не можеме да ги смениме навиките ама можеме да ги смениме количините, појаснува Бајдевска Сприковска.

Во Куманово има инсулинска аптеката и лабораторијата каде се мери моментален шеќер во крв и средна вредност. Во центарот за дијабетес во Куманово се врши и едукација. ам/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан