• сабота, 28 септември 2024

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Во јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво остануваат непроменети, а на годишно ниво се повисоки за  два процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во јули 2024, во споредба со јуни 2024 година, како што објави денеска ДЗС, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за процент, во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.7  проценти, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината се повисоки за 2.8 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека во јули годинава, во споредба со јули минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 19.2  проценти, во Преработувачка индустрија за 0.9  проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12.3  проценти и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.5  проценти.лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан