• понеделник, 23 декември 2024

Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон

Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) – Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот  министер Крешник Бектеши. -Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на денешната средба со новинарите. Во замрзнатата цена, како што рече, се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците. -Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши. Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.вј/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан