• петок, 22 ноември 2024

Цената на нафтата се зголеми до 122 долари за барел

Цената на нафтата се зголеми до 122 долари за барел

Лондон, 23 март 2022 (МИА) - Цената на нафтата во средата се зголеми на меѓународните пазари до 122 долари за барел, поттикната од прекинот на извозот на руска и казахстанска нафта преку каспискиот нафтовод.

На лондонската берза цената за барел нафта се зголеми за 6.35 долари во однос на претходниот ден, достигнувајќи 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се тргуваше по цена од 115 долари, или 5,72 долари повеќе во однос на претходниот ден.

Пазарите ги размрда предупредувањето на Русија дека пореди оштетувањето на каспискиот нафтовод СПС, нејзиниот извоз на нафта ќе биде намален до милион барели на ден, што одговaра на еден процент од светското производство.

Испораките преку СПС нафтоводот денеска се целосно прекинати, а поправката ќе трае најмалку месец и половина.

„Цените на нафтата растат првенствено поради загубата на СПС извозот на нафта од Новоросијск, кој изнесува околу 1,3 милиони извезени барели дневно“, објаснува Мет Смит од Кплер.

Пазарите, истовремено, ги вознемирува и можноста од нови санкции кон Русија, вториот најголем извозник на сурова нафта во светот, поради нејзината инвазија во Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден, се очекува да најави нови санкции во четврток на состанокот со европските лидери во Брисел, вклучително и вонредниот НАТО самит.

Забраната за увоз на руска нафта и деривати, се уште предизвикува поделби меѓу земјите од ЕУ, но тоа може да се промени по истекот на краткорочните договори.

Нервоза предизвикува и значителниот пад на резервите во САД, најголемиот потрошувач во светот, што го нагласува стравот од недостаток. Според податоците на Американскиот институт за нафта, резервите на сурова нафта минатата недела биле 4,3 милиони барели. Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на неделава.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел нафта од нејзините земји членки вчера се тргувал по 114,60 долари, што значи дека поскапел за 79 центи во однос на претходниот ден. аа/

Остани поврзан