• недела, 17 ноември 2024

Цел живот „јорганџија“: Коке потпиша нов договор со Атлетико

Цел живот „јорганџија“: Коке потпиша нов договор со Атлетико

Мадрид, 25 март 2024 (МИА) - Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, потпиша нов договор со челниците на клубот, беше потврдено денеска на официјалниот сајт.

Со денешниот потпис Коке (32) се обврза на лојалност на Атлетико до јуни 2025 година, што значи дека ќе продолжи да игра за клубот во кој израсна и ја мина целата своја професионална кариера досега. Едногодишното продолжување е само последица на клупските правила дека фудбалер над 30 години може да ја продолжи верноста само за една година.

Коке во дресот на Атлетико дебитираше во 2009 година, а во сите натпреварувања одигра 626 натпревари и постигна 47 голови. Сезонава тој веќе одигра 39 натпревари во сите натпреварувања и е незаменлив во стартниот состав на тимот на тренерот Диего Симеоне. Коке можеше неколку пати да ја менува средината во текот на кариерата. Богати понуди дојдоа и до него и до Атлетико и сите беа одбиени.

-Атлетико е мојот живот, често повторуваше Коке.

Ниту сега не преговарал многу со клубот околу платата која според информациите на „Марка“ ќе изнесува околу три милиони евра нето за сезоната. 

Со Атлетико двапати ја освои Лигата на Европа (2012 и 2018 година), двапати беше шампион во Примера Ла Лига (2014 и 2021 година) и еднаш го освои Купот на кралот (2013). дс

Фото: Архива

Остани поврзан