• четврток, 19 декември 2024

ЦДЦ: Tинејџерките во САД во екстремен бран на тага и насилство

ЦДЦ: Tинејџерките во САД во екстремен бран на тага и насилство

Њујорк, 13 февруари 2023 (МИА) - Речиси секоја трета американска средношколка се чувствува тажно или безнадежно, што претставува 60 проценти влошување на менталното здравје во изминатата деценија, според официјалното истражување спроведено од американските власти во 2021 година.

Како што јавија американски медиуми, девојчињата биле полоши од момчињата во речиси сите параметри на менталното здравје. Податоците од истражувањето укажуваат на „драматично“ зголемување на искуството со насилство, лошо ментално здравје и ризик од самоубиство кај тинејџерите, особено кај девојчињата, објави денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

„Нивото на лошо ментално здравје и самоубиствени мисли и однесувања меѓу анкетираните тинејџерки се повисоки од кога било“, изјави Кетлин Етиер од ЦДЦ.

Студијата не ја испита причината за влошувањето, но ЦДЦ посочува дека има и 20 отсто зголемување на сексуалното насилство меѓу средношколките во споредба со 2017 година.

„Сексуалното насилство е поврзано со ментални и здравствени проблеми, употреба на недозволени супстанци и има долгорочни последици врз здравјето на поединецот“, предупреди Дебра Хори од ЦДЦ.

Околу 57 отсто од студентките изјавиле дека имаат проблеми со „постојаното чувство на тага или безнадежност“, што е повеќе од 36 отсто во 2011 година, покажа студијата.

Што се однесува до студентите, тој број се искачи на 29 отсто, од 21 отсто во истиот период.

Според објавените податоци, има подобрување кај адолесцентите во некои области, како на пример кога станува збор за ризично сексуално однесување, злоупотреба на супстанции и малтретирање од врсници, но менталното здравје, самоубиствените мисли и искуствата на насилство се влошија.

Севкупно, 42 отсто од средношколците се чувствувале толку тажно или безнадежно речиси секој ден најмалку две недели по ред што ги прекинале своите вообичаени активности поради тоа.

Студијата покажа дека 22 отсто од тинејџерите размислувале за обид за самоубиство во изминатата година, од кои студентките се повеќе од двојно во однос на од студентите. зш/

Остани поврзан