• понеделник, 23 декември 2024

Царовска: Со оставката на Заев, престанува и мандатот на целото раководство

Царовска: Со оставката на Заев, престанува и мандатот на целото раководство
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) - Министерката за образование и наука и потпретседател на СДСМ  Мила Царовска во објава на Фејсбук наведе дека со оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Царовска се заблагодарува за укажаната доверба и можност да даде придонес во градењето општество за сите и посочува дека останува целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности.
- Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности, напиша Царовска.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан