• петок, 22 ноември 2024

Цана: Осумдесет отсто од пациентите со Западно-нилска треска се асимптоматски, околу 19 отсто со блага клиничка слика

Цана: Осумдесет отсто од пациентите со Западно-нилска треска се асимптоматски, околу 19 отсто со блага клиничка слика

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Осумдесет отсто од пациентите заразени со вирусот на Западно-нилска треска се асимптоматски. Можеби некој од нас тука веќе прележал во текот на летото. Околу 19 отсто, имаат по некоја блага клиничка форма, со мала треска, со болка во мускули, измоштеност, и тоа може да поминува така без да знаеме дека го имаме тоа. Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации, изјави денеска директорот на Инфективна клиника Фадил Цана, откако во земјава беше регистриран првиот смртен случај од Западно-нилска треска.

-Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации што е во конкретниов случај, утврдуваме дека кај пациентот особено во старосната група над 75, конкретно имаме 77-годишен пациент, кај што се развива таа невролошка манифестација која може да заврши со летален исход. Тоа што сите го знаеме, и светот го знае, и научната јавност дека за Вестнајл вирусот нема специфична терапија. Ако може да се превенира нешто, тоа е преку програмите за дезинсекција што е во надлежност на општини и на други институции, вели Цана.

Цана рече дека пациентот, кој почина на Инфективната клиника, претходно бил прегледан во Општа Болница Кочани, а оттаму препратен во Клиничка болница Штип, па од Клиничка болница Штип е упатен на Инфективна.

-На прием пациентот бил фебрилен, малаксан, со пореметена свест, значи дезориентиран, агресивен, и нормално пристапено од нашиве лекари специјалисти за доиследување. Кај пациентот е констатирано дека сепак се работи за некое воспаление на мозок, т.е. енцифалитис. Примен е на Клиникава и е продолжено со до дијагностицирање. Земени се сите направени се сите, дијагностички процедури и на серум во Институтот за јавно здравје, е потврдено присуство на вестнајл вирусот, рече Цана.

Според него, анамнезата на пациентот е куса и најверојатно тој живеел сам.

-Се работи за 77-годишен пациент, кого членовите на семејството го наоѓаат паднат. Колку дена претходно бил болен тоа не може да се каже. Даден е и податок дека имал температура, дека бил агресивен, вознемирен. Точно е дека кога бил примен имал температура, но сега колку дена претходно имал, тоа никој не може точно со точност да го каже. Пациентот во таква состојба со невролошки манифестации е хоспитализиран кај нас. Сега никој не може да каже зошто е куса анамнезата дали нешто претхдно примил, туку дека еден ден претходно со тие симптоми кои одговараат на состојбата и поставената дијагноза. Така што, само тоа е потврдено по неколку дена, од ИЈЗ дека во серумот, анализиран од пациентот, е детектиран присуство на вестнајл вирусот, рече Цана.

Тој не може со сигурност да каже дали постои опасност од ширење на вирусот, а како што вели, статистиките тоа го покажуваат дека единствената превенција се програмите за дезинсекција. нд/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан