• петок, 20 декември 2024

Цаи: Тајван сака да произведува „демократски чипови“ со САД

Цаи: Тајван сака да произведува „демократски чипови“ со САД
Тајпеј, 1 септември 2022 (МИА) - Тајван сака да произведува „ демократски чипови“ заедно со САД, јави денеска претседателката Цаи Инг-вен при средбата со гувернерот на државата Аризона, Даг Дуси кој е во посета на оваа островска земја, јавија британски медиуми. Тајванската компанија за производство на полупроводници - ТСМК, главен снабдувач на „Епл“, и најголемиот производител на чипови во светот, гради фабрика во Аризона во вредност од 12 милијарди долари. - Планираме заедно да произведуваме „демократски чипови“, за да ги зачуваме интересите на нашите демократски партнери и да создадеме поголем просперитет, истакна Цаи на состанокот во Тајпеј. Гувернерот на Аризона ѝ кажа на Цаи дека партнерството на САД со Тајван е најсилното во индустријата на полупроводниците. Дуси, претставник на Републиканската партија, е нов американски претставник во посета на Тајван и покрај тоа што Кина инсистира да нема такви посети. Кина го гледа Тајван како дел од својата територија. бд/сд/

Остани поврзан