Хјуман Рајтс Воч: Украина и Русија мора да престанат да користат касетна муниција
- И руските и украинските вооружени сили користеле касетна муниција со која се убиени украински цивили, соопшти денеска Хјуман рајтс воч.
Киев, 6 јули 2023 (МИА) - И руските и украинските вооружени сили користеле касетна муниција со која се убиени украински цивили, соопшти денеска Хјуман рајтс воч.
Тоа се случува во време кога САД размислуваат дали да одговорат на барањето на Украина да добие такво оружје.
Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч ги повика и Русија и Украина да престанат да го користат ова оружје и ги повика САД да не ја снабдуваат Украина.
Повеќе од 20 земји потпишаа меѓународен договор за забрана на касетна муниција. Станува збор за повеќекратни мали експлозиви спакувани во бомба, ракета или артилериска граната кои се распрснуваат од нивниот носач при лет на голема површина.
И Русија и Украина и САД одбија да го потпишат овој договор.
Висок функционер на Пентагон минатиот месец изјави дека касетната муниција би била корисна за Украина во одбивањето на руските сили, но нивното доставување до Киев сè уште не е одобрено поради ограничувањата наметнати од американскиот Конгрес и загриженоста од американските сојузници.
Украина истрела ракети со касетна муниција во областите под контрола на Русија во и околу источниот украински град Изум, Харковска област, по руската инвазија минатата година, соопшти Хјуман рајтс воч. паг/
Фото: МИА архива