• понеделник, 23 декември 2024

Хјуман рајтс воч: Егзекуциите извршени од хунтата во Мјанмар се крајно суров чин

Хјуман рајтс воч: Егзекуциите извршени од хунтата во Мјанмар се крајно суров чин
Непјидо, 25 јули 2022 (МИА) - Егзекуцијата на мјанмарската хунта на четворица затвореници, вклучително и поранешен пратеник од продемократската партија на Аунг Сан Су Чи, се „крајно суров чин“, реагираше невладината организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“. „Земјите-членки на Европската унија, САД и другите влади мора да ѝ покажат на хунтата дека ќе одговара за своите злосторства“, рече Елејн Пирсон, директорка на организацијата за Азија. Смртната казна не е спроведена во Мјанмар повеќе од 30 години. Воените власти на Мјанмар погубија четворица продемократски активисти обвинети за помагање и поттикнување  „терористички акти“. паг/

Остани поврзан