• понеделник, 23 декември 2024

Хутите ќе ги запрат нападите во Црвено Море кога Израел ќе престане со нападите и опсадата на Газа

Хутите ќе ги запрат нападите во Црвено Море кога Израел ќе престане со нападите и опсадата на Газа

Сана, 27 февруари 2024 (МИА)  - Портпаролот на јеменските бунтовници Хути, Мохамед Абдулсалам, денеска изјави дека операциите на групата против трговските бродови во Црвеното Море ќе бидат запрени само кога Израел ќе ги запре нападите и ќе ја укине опсадата на Појасот Газа. 

Абдулсалам за британски медиуми изјави дека Хутите ќе ги преиспитаат нападите штом Израел ќе ја укина опсадата и ќе дозволи хуманитарната помош слободно да влезе во Појасот Газа. 

Хутите од ноември ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море, како што велат, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, што ја натера ЕУ да испрати своја мисија во областа. 

Најавено е дека мисијата ќе има одбранбен карактер.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан