• петок, 05 декември 2025

Хутите потврдија дека премиерот Ал-Рахави бил убиен во израелски напад

Хутите потврдија дека премиерот Ал-Рахави бил убиен во израелски напад

Сана, 30 август 2025 (МИА) - Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека во израелски воздушен напад е убиен премиерот на владата во јеменскиот главен град Сана.

„Премиерот Ахмед ал-Рахави беше убиен во четвртокот во израелски напад врз Сана, заедно со неколку министри“, наведоа Хутите во нивното  соопштение, пренесено од американските медиуми.

Повикувајќи се на арапски извори, израелските медиуми во петокот објавија дека ал-Рахави е убиен во израелски воздушен напад врз станот каде што живее, заедно со неколку негови соработници кои исто така беа убиени.

„Тајмс од Израел“ претходно објави дека иако нападот се смета за одделен од претходниот напад во четвртокот, што наводно бил насочен кон десетици високи министри Хути, извештаите сугерираат дека израелската војска навистина извршила втор напад врз претставници на Хутите кои се собирале надвор од главниот град за да присуствуваат на говор на лидерот на групата, Абдул Малик ал-Хути. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан