• петок, 22 ноември 2024

Хунтата во Нигер назначи нов воен командант

Хунтата во Нигер назначи нов воен командант

Нијамеј, 5 август 2023 (МИА) - По заканите на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) дека ќе прибегне кон воена сила, хунтата во Нигер назначи ново раководство на вооружените сили, јави ДПА.

Генералот Муса Салау Барму, кој одигра клучна улога во државниот удар на 26 јули, ќе ја преземе функцијата началник на Генералштабот, изјави синоќа воениот портпарол. Барму командуваше со специјалните сили на земјата.

-Приврзаниците се назначени и на други важни функции во Армијата и воздухопловните сили, додаде портпаролот.

Откако демократски избраниот претседател Мохамед Базум беше соборен од офицери од Претседателската гарда, минатата недела ЕКОВАС побара негово ослободување. Организацијата предупреди дека ако земјата не се врати во уставниот поредок во рок од една недела, ќе преземе акција, која може да вклучи воена интервенција.

Посредничката мисија ЕКОВАС вчера го напушти Нијамеј без да се сретне со самопрогласениот шеф на земјата, генерал Абдурахаман Чиани, кој ја предводеше претседателската гарда.

Според медиумите, нигерискиот претседател Бола Тинубу веќе побарал од Сенатот на неговата земја да одобри воена интервенција во соседен Нигер. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан