• петок, 22 ноември 2024

Хунтата во Нигер и нареди на полицијата да го протера францускиот амбасадор (ДПЛ)

Хунтата во Нигер и нареди на полицијата да го протера францускиот амбасадор (ДПЛ)

Ниамеј, 31 август 2023 (МИА) - Воената хунта на Нигер и нареди на полицијата да го протера францускиот амбасадор, потег што дополнително ќе ги заостри односите меѓу двете земји и за кој властите во Париз велат дека воените офицери кои ја презедоа власта минатиот месец не се овластени тоа да го прават.

Лидерите на воениот удар ја следат стратегијата на хунтата во соседните Мали и Буркина Фасо. Визите на францускиот амбасадор Силвен Ите и неговото семејство се укинати, а полицијата доби инструкции да ги протера, соопшти хунтата, наведувајќи дека потезите на Франција биле против интересите на Нигер.

Франција повика соборениот претседател Мохамед Базум да биде вратен на функцијата и најави дека ќе ги поддржи напорите на блокот на западноафриканските држави ЕКОВАС да ја обнови ситуацијата пред пучот.

Нигер е клучна земја за Франција во борбата против исламистичките бунтовници и има 1.500 свои војници во таа земја.

По воените удари, Париз повлече илјадници припадници на вооружените сили од Мали и Буркина Фасо. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан