• петок, 26 јули 2024

Христодулидис: Проширувањето на ЕУ е многу важно прашање, им помага на земјите кандидати да се доближат до Унијата

Христодулидис: Проширувањето на ЕУ е многу важно прашање, им помага на земјите кандидати да се доближат до Унијата

Атина, 14 декември 2023 (МИА) - Проширувањето на Европската унија им помага на земјите кандидати да се доближат до Унијата, но почетокот на преговорите не значи влез во ЕУ, истакна кипарскиот претседател Никос Христодулидис од Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Христодулидис посочи дека проширувањето на ЕУ е „многу важно прашање“.  

- Проширувањето на Европската унија претставува политичка алатка која треба правилно да ја искористиме. Се надеваме дека денеска ќе имаме одлуки во насока на почеток на пристапните преговори, како што се препораките на Комисијата.  Почетокот на пристапните преговори не значи влез во Европската унија. Тоа е долг процес кој им помага на земјите кандидати да се доближат до Европската унија, порача Христодулидис. ср/паг/

Остани поврзан