• недела, 22 декември 2024

Христодулидис: Постои напредок во разговорите за електрично поврзување со Грција

Христодулидис: Постои напредок во разговорите за електрично поврзување со Грција

Никозија, 13 септември 2024 (МИА) – Разговорите напредуваат позитивно. Работиме на конкретни аспекти. Има напредок и нашите конечни одлуки ќе ги донесеме врз основа на едниот и единствен фактор: да им служат на интересите на кипарскиот народ, истакна претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис во однос на електричното поврзување со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарскиот претседател соопшти дека следниот четврток на 19 септември ќе биде во Грција на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, со кој, како што рече се во секојдневен контакт, а една од главните теми за кои ќе разговараат во Атина е електричното поврзување меѓу двете земји.

-Говориме за голем проект што се однесува на идните генерации, нешто што нè интересира. Па така, нашите одлуки ќе бидат внимателни, ќе ги земат предвид сите податоци. Што и да велат некои околу доцнења или дека не носиме одлуки, нас нè интересираат идните генерации, а не следните избори, истакна Христодулидис.

За електричното поврзување меѓу Кипар и Грција, во вторникот во премиерската плата во Никозија беше организиран состанок од кипарскиот претседател со учество на сите инволвирани страни, на кој не беше донесе конечен договор, но разговорите биле конструктивни. 

Проектот „Great Sea interconnector“ во висина од околу две милијарди евра предвидува поврзување на Кипар со Европа преку Грција, а електричниот кабел во иднина да се прошири до Израел со што ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот во вкупна должина 1.208 километри. ср/сд/

Остани поврзан