• петок, 22 ноември 2024

Хрват казнет оти се скарал сам со себе

Хрват казнет оти се скарал сам со себе

Заграб, 11 јули 2022 (МИА) - Хрват бил уапсен и казнет откако се скарал сам со себе.

Во неправосилната пресуда објавена деновиве, се наведува дека на 8 март годинава во угостителскиот објект „Тип топ“ во Вишњевац, 27-годишното момче го нарушило јавниот ред и мир оти викал на јавно место, говорејќи гласно, а неразбирливо, додека зборувал сам со себе. Тој, според очевидци, во ресторанот почнал да вика: „Дали сум јас идиот!?“ По кусо време го турнал пепелникот од масата, а потоа и самиот паднал од столот на подот. После тоа повторно викал на цел глас „Јас сум ќелав, но не сум глупав мајмун!“ ...Па, повторно седнал до масата и почна да вика дека ќе скрши сѐ и „нека се јават на кого и да сакаат“. По „караницата“, човекот е прогласен за виновен за нарушување на јавниот ред и мир. Казнет со 700 куни, но ќе треба да плати 100 куни (823 македонски денари), бидејќи неговите два дена во полициски притвор се бројат како 600 куни.  си/

Остани поврзан