• понеделник, 18 ноември 2024

Хрватското Министерство за одбрана најави воведување куса основна воена обука

Хрватското Министерство за одбрана најави воведување куса основна воена обука

Загреб, 17 јануари 2024 (МИА) - Хрватското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека работи на концепт за куса основна воена обука, а државниот секретар Здравко Јакоб во Парламентот изјави дека моделот ќе биде познат во најбрз можен рок.

Јакоб во хрватскиот Сабор, по седницата на Комисијата за одбрана, изјави дека обуката отсекогаш била тема во Министерството и вооружените сили и дека моделот ќе биде познат што е можно поскоро. Тој потенцираше дека со моделот на обука ќе се одговори на безбедносните барања на Хрватска и на организациите во кои учествуваат хрватските вооружени сили.

Ако имате повеќе обучени војници, подофицери и офицери, тогаш сте поподготвени, рече тој.

- Министерството за одбрана отсекогаш барало најдобри можни решенија, па се уште го бара најдоброто можно решение. Тоа е актуелно прашање и ќе видиме со какво решение ќе излеземе во јавноста, истакна Јакоб.

- Сите опции се отворени и ќе се обидеме да го најдеме најдоброто можно решение, додаде државниот секретар, посочувајќи дека во вооружените сили има доволно луѓе за спроведување обука. Министерството за одбрана и вооружените сили, согласно законот и Уставот, секогаш се подготвени да одговорат на задачите, рече тој.

Јакоб посочи дека за таа намена ќе се обезбедат пари и дека и годинава се предвидени одредени средства за обука. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан