• сабота, 06 јули 2024

Хрватски медиуми: Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Хрватски медиуми: Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска
Загреб, 5 јануари 2020 (МИА) - Хрватските медиуми го прогласија Зоран Милановќ за нов претседател на Хрватска. Според првичните информации на хрватската Државна изборна комисија, од преброени 83,35 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ води со освоени 792.859 гласови, јави дописникот на МИА од Загреб. Кандидатот на ХДЗ Колинда Грабар-Китаровиќ има освоено 695.713 гласови. Според локалните медиуми, оваа разлика е практично недостижна, па поради тоа го прогласија Милановиќ за победник. Пребројувањето продолжува, а набрзо се очекуваат и целосните резултати. ав/гт/

Остани поврзан