• сабота, 23 ноември 2024

Хрватските претприемачи бараат разрешување на министерот за економија

Хрватските претприемачи бараат разрешување на министерот за економија
Загреб, 2 декември 2020 (МИА) - Хрватското здружение на претприемачи бара од хрватската Влада да го ослободи Томислав Ѓориќ од должноста министер за економија, кој, како што е наведено во отвореното писмо, ги игнорира проблемите на бизнисмените. Ресорниот министер, како што тврдат хрватските бизнисмени, „во безизлезна ситуација во која се најдоа многу претприемачи“, во период на корона-кризата, „покажа несериозност и бескрупулозно однесување“. Тие сметаат дека министерот избегнува да ја преземе одговорноста, да понуди конкретни решенија и да поттикне потребни системски реформи кои би овозможиле опстанок на малите и средните претпријатија. „Изненадени сме од недостиг на конкретна помош и надомест за активности кои се соочуваат со голем пад на прометот, но не се формално затворени. Исто така, мора да истакнеме дека Министерството за економија ги игнорира сите наши барања и предлози", велат од здружението „Гласот на стопанствениците“. паг/

Остани поврзан