• петок, 22 ноември 2024

Хрватска ќе го либерализира увозот на работна сила од трети земји

Хрватска ќе го либерализира увозот на работна сила од трети земји
Загреб, 6 ноември 2020 (МИА) - На хрвтскиот пазар на труд од следната година би требало да има две значајни промени: намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави односно земји што не се членки на Европската Унија. Тие промени требаа да стапат во сила годинава, но беше покрената процедура за измена на Законот на странци, а новиот предлог закон вчера е испратеn на усвојување во Саборот. Сега се предлага од следната година да нема квоти за увоз на работници, туку работодавачите пред да ангажираат странски работници ќе треба да побараат од Хрваскиот завод за вработување (ХЗЗ) да спроведе истражување на пазарот на трудот. Ако се покаже дека нема невработени лица во Хрватска кои ги исполнуваат барањата на работодавачите, фирмата ќе треба да поднесе барање за издавање на дозволи за престој и работа од Минстерството за внатрешни работи, кое по службена должност ќе бара мислење од ХЗЗ. Хрватска изминатите години, посебно во туризмот и градежништвото вработува голем број странски работници. Синдикатите предупредуваат дека со целосната либерализација ќе се предизвика доиполнителен притисок врз намалување на цената на трудот. ми/

Остани поврзан